Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ, Дејан Мојсоски и в.д. генералниот директор на воздухопловната власт на Кралството Холандија, Елен Биен, на состанок на генералните директори на воздухопловните власти на ЕКАК во Тбилиси потпишаа Меморандум за административна примена на мултилатералната Спогодба за основање европска заедничка воздухопловна област. Со овој Меморандум се воспоставува правна рамка за отворено небо помеѓу РМ и Кралството Холандија врз основа на либерален концепт и слободна конкуренција. Воедно, Меморандумот има за цел да го промовира меѓународниот воздушен сообраќај на двете земји, да привлече нови авиокомпании, да и овозможи на патувачката јавност поголеми можности како и избор на услуги, дестинации и намалени цени.
Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ, Дејан Мојсоски и в.д. генералниот директор на воздухопловната власт на Кралството Холандија, Елен Биен, на состанок на генералните директори на воздухопловните власти на ЕКАК во Тбилиси потпишаа Меморандум за административна примена на мултилатералната Спогодба за основање европска заедничка воздухопловна област.
- Со овој Меморандум се воспоставува правна рамка за отворено небо помеѓу РМ и Кралството Холандија врз основа на либерален концепт и слободна конкуренција. Воедно, Меморандумот има за цел да го промовира меѓународниот воздушен сообраќај на двете земји, да привлече нови авиокомпании, да и овозможи на патувачката јавност поголеми можности како и избор на услуги, дестинации и намалени цени - соопштија од АЦВ.
Меморандумот е во согласност со насоките и препораките на Европската комисија за либерализација на воздушниот сообраќај и негов развој на конкурентска основа без никакви ограничувања за сообраќајните слободи, пристапот на пазарот, тарифите, фреквенциите и капацитетот. Ваков меморандум Македонија има и со воздухопловните власти на Белгија и Луксембург.